Home ГОТВАЧ Новогодишни ѕвездички

Новогодишни ѕвездички

3127
G Natural

Состојки

  • 500 гр брашно
  • 120 гр шеќер во прав
  • 1 ½ прашок за пециво
  • 250 гр маргарин
  • 1 јајце
  • арома на ванила

Подготовка

Маргаринот треба да стои на собна температура околу 2 часа. Потоа се сече на коцки и се меша со брашното и прашокот за пециво. Може да се меша со миксер со додатоци за тесто или со раце. Се добива смеса што личи на мокар песок. Потоа се додава шеќерот и на крај аромата од ванила и јајцето.
Кога ќе го измешате јајцето ќе имате впечаток дека смесата е премногу сува, но немојте да додавате никаква течност или друго јајце. Едноставно истурете ја смесата на работната површина и почнете да ја собирате со рацете. По кратко време таа ќе стане покомпактна и ќе успеете да ја соберете во топка. Тестото се витка во пластична фолија и се остава во фрижидер најмалку еден час. Вака подготвеното тесто може да стои во фрижидер 4-5 дена.
Земете дел од ладната смеса и кратко месете ja со рацете да омекне, да стане лесна за обликување. Смесата треба брзо да се меси за да не се стопли. Со сукало се прави кора дебела околу 5мм. Со калап се прават ѕвезди или некои други новогодишни форми на колачи. Се редат во плех за печење обложен со хартија за печење и се печат 10-12 минути на 180°С. Не треба подолго да се печат, за да останат светли и да не бидат многу тврди.
Додека се уште топли, се посипуваат со шеќер.

Ѕвездички