Home СОВЕТИ Неверојатно практична – за што се можете да ја користите содата

Неверојатно практична – за што се можете да ја користите содата

2238
G Natural

Што се можете да правите со неа?

  • Со неа на пример можете да ја исчистите внатрешноста на микро печката,
  • Да се “соберат” мирисите од фрижидерот или кантата за смет
  • Да се отстранат дамки од облека
  • Да се ослободите од непријатни мириси од обувките.

Со нејзината употреба не ја загадува околината како некои вештачки средства за чистење, помалку е агресивна, а во секоја продавница можете да ја купите по многу евтина цена.
Со мешавина на сода и вода можете да ја исчисите внатрешноста на миркобрановата печка, фрижидерот или надворешните површини во кујната.
Средството ќе биде по ефектно ако во него додадете и малку вински оцет.
Како да ги избелете пожолтените површини во кујната?
-Измешајте 1/4 шолја сода и неколку шолји топла вода.
-Нанесете ја мешавината и оставете да стои 15 минути
– Изрибајте ги кујнските површини и тие повторно ќе блеснат.
Можете да ги избелите и старите садови за готвење, ако во нив десет минути вриете вода во која сте ставиле малку сода.
На ист начин можете да ги отстраните остатоците од маснотии и мириси од тавите за печење.
Ако во машината за миење садови се создале дамки, во неа ставете шолја сода и вклучете го програмот за миење.
Содата можете да ја додете и во средствата за чистење кои вообичаено ги користите при секое миење садови во машината.
Содата одлично ги впива мирисите од фрижидерот, микро-печките или кантите за смет. Ако секој пат кога ќе го отворите фрижидерот чувствувате мирис на различни продукти, во него ставете сад со сода и таа ќе ги собере сите мириси.
Истото можете да го направите со замрзнувачот или просторот под мијалникот. Тоа може да биде и трајно решение.
Содата менувајте ја секои три месеци или почесто ако мирисите се поинтензивни. На ист начин можете да ги отстраните мирисите од микробрановата печка – ако сад со сода ставите во неа меѓу две користења или провриете вода со сода, а потоа внатрешноста ја избришете со крпа.
Непријатните мириси од кантата за смет ќе ги спречите ако на дното под пласичната кеса сипете малку сода.

Сода бикарбона