Испробајте го ова тирамису, рецепт на Gordon Ramsey кој се подготвува за помалку од половина минута!
Состојки:
- 120гр шеќер во прав
- 300гр слатка павлака за шлаг
- екстракт од ванила
- 250гр маскарпоне
- пишкоти
- чаша турско кафе
Подготовка:
Во сад ставете го шеќерот во прав, додадете ја павлаката за шлаг и се заедно изматете. Во друг сад ставете го маскарпонето и екстрактот од ванила и добро измешајте.
Мешавината од маскарпоне и ванила додадете ја во шлагот и се заедно добро изматете. Пишкотите скршете ги на половина, натопете ги во кафето и ставете ги во чаша.
Во чашата додадете од смесата и изрендајте темно чоколадо.
Добар апетит!