Home ГОТВАЧ гезме Неодоливо вкусно – печени макарони со печурки и павлака

Неодоливо вкусно – печени макарони со печурки и павлака

17723
G Natural

Состојки:

1 кисела павлака

300 гр маринирани печурки

1 јајце

200 гр кашкавал

1 помала главица кромид

300 гр кравјо сирење

500 гр макарони

Подготовка

Макароните се варат во посолена вода со малку масло. Додека се варат, може да се спрема филот. Се загрева масло и се запржува прво ситно сечканиот кромид. Потоа се додаваат печурките (претходно сечкани) со постојано мешање. Пред да почне да потемнува кромидот, се посолува, се додава пола лажичка црвен пипер и се трга на страна.

Сирењето и кашкавалот се рендаат. Јајцето се разматува со половина павлака, се додава малку сос од домати, 5 супени лажици млеко и 5 супени лажици од водата во која се вареа макароните.

Тавчето, по желба, може да е округло или правоаголно.

Се премачкува тавчето со масло и одозгора се реди еден ред од сварените макарони (половина од макароните). Се нанесува одозгора половина од филот со печурките, се става одозгора половина од ренданото сирење и малку од ренданиот кашкавал. Одозгора се става малку сос од домати. Повторно се реди останатиот дел од макароните, па останатиот фил со печурки, ренданото сирење и кашкавал. Повторно се става одозгора уште малку сос од домати. Се налеваат неколку супени лажици од водата во која се вареа макароните и спремно е за печење.

Рерната се загрева на 200С, па пред да ги ставиме макароните да се печат, рерната се намалува на 170. Се печат околу 15-20 минути, се вадат од рерна, се полеваат со смесата од матено јајце и павлаката, се наросува одозгора малку босилек за вкус (по желба, вкусно е и со оригано) и се враќа во рерна да се потпече уште 10 до 15 минути.

Добар апетит!