Home ГОТВАЧ гезме Неодоливи – Карамел пуканки

Неодоливи – Карамел пуканки

3357
G Natural

Состојки:

  • 90 г путер
  • 180 г кафеав шеќер
  • 50 мл сируп од пченка
  • сол на врв на лажиче
  • сода бикарбона на врв на лажиче
  • 90 г испукани пуканки

Подготовка:

Рерната загрејте ја на 100 Целзиусови степени. Во мало тенџерче ставете го путерот да омекне на најниска температура. Внимавајте да не почне да врие затоа што тогаш ќе загори и поцрни. Во тенџерчето додајте ги сирупот од пченка, шеќерот и солта. Мешајте со дрвена лажица за да зоврие смесата. Кога ќе почне да врие, оставете да проврие уште 4 минути немешајќи. После 4 минути, тргнете го тенџерчето од оган и ставете ја содата. Промешајте. Испуканите пуканки ставете ги во плитко тавче за печење, претурете ја смесата врз нив, промешајте ги и ставете ги да се печат во загреаната рерна еден час со мешање на секои 15 минути. По еден час, извадете ги од тавчето и оставете целосно да се оладат. Потоа, кршете ги на мали парчиња.

Карамел пуканки