Home ГОТВАЧ Необична зимница – Мариниран лук

Необична зимница – Мариниран лук

4038
G Natural

Состојки:

  • 7-8 главици лук (околу 400 гр)
  • 5 дл бистар сок од јаболки
  • 2 дл јаболков оцет
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка бибер во зрно
  • 2 листа ловоров лист
  • 2-3 гранчиња рузмарин
  • мајчина душица, жалфија (по избор)
  • кора од половина лимон
  • 2 лажици шеќер

Подготовка:

Лукот се раздвојува на чешниња и се прелива со врела вода, да стои 2 мин. Потоа водата се цеди и се лупи лукот.
Во едно тенџере се ставаат сите состојки освен лукот и се оставаат да вријат 5 минути. Во друго тенџере се бланшира лукот, треба да врие 2-3 минути.
Бланшираниот лук се цеди од водата во која вриел и се додава во тенџерето со маринадата. Се вари уште 3 минути.
Тенџерето се трга од оган и содржината се пресипува во стерилизирани тегли, загреани во рерна. Теглите веднаш добро се затвораат, се завиткуваат во подебела крпа и се оставаат постепено да се изладат.
Маринираниот лук може да се јаде по 1 недела.
Затворените тегли можат да стојат и до една година, а кога ќе се отворат, се чуваат во фрижидер 3-4 недели.

мариниран лук

Хиткујна.мк/ФБ: што да готвам утре