Home СОВЕТИ Не ја ставајте кората од лимонот во колачи – еве зошто

Не ја ставајте кората од лимонот во колачи – еве зошто

1309
SHARE

Домаќинките кои овие денови ги прелистуваат своите стари рецепти или на интернет се во потрага по совршените колачи, сигурно забележале дека во многу колачи се става и кора од еден или два лимони, портокали или некое друго цитрусно овошје.

Сепак, нутриционистите предупредуваат добро да размислите, бидејќи лушпата на ова овошје не е за јадење, а не се препорачува ниту во колачи.

„За да се одржат подолго време здрави, цитрусните овошја се третираат со разни пестициди“, изјави нутриционистот Љубомир Пфаф.

Кај сите видови агруми после долго стоење во складиште или на рафтовите на продавниците може да дојде до труење предизвикано од габи. Поради тоа тие веднаш после бербата се третираат со фунгициди, со цел да се намали ризикот од напад на габи.

Миењето со вода, па дури и долготрајното потопување не може да ги измие отровите од овие хемикалии. Користењето на хиперманган или некој друг дезинфициенс нема логика, бидејќи тие го уништуваат вкусот.

На домаќинките повеќе им се препорачува да употребуваат фабрички адитиви за колачи. Тие се поздрави, бидејќи таквите производи се строго контролирани и на декларациите пишува што точно содржат, додека злоупотреба на пестициди има секаде.