Home ГОТВАЧ гезме Не го фрлајте стариот леб ! Направете од него многу вкусна...

Не го фрлајте стариот леб ! Направете од него многу вкусна закуска!

3873
G Natural

Како да го искористите лебот кој по ден или два останал недојаден? Еве ви еден вкусен  предлог. Во чинија издробете околу 5-6 кришки стар леб. Додадете 2 јајца, малку сол, бибер и една главица динстан кромид. Кромидот добро исцедете го од маслото во кое сте го динстале. Со рацете измешајте ги состојките. Стискајте ја смесата се додека не стане погодна за обликување на мали топчиња. Со влажни раце обликувајте топчиња и пржете ги на врело масло. Оваа закуска е со одличен вкус и е добар прилог за месо, јадења од зеленчук и слично.

Добар апетит!

извор: Bon appetit

Ќофте без месо