Home ГОТВАЧ бабини рецепти Направете си сами Вегета – иста со оригиналната, но без штетни состојки

Направете си сами Вегета – иста со оригиналната, но без штетни состојки

1604
G Natural

Возможно е сами да си го подготвите неизбежниот зачин Вегета.
Овој рецепт е без појачувачи на вкусот или било какви други додатоци кои се штетни.
Идеален е за сите оние кои имаат печка на дрва, бидејќи зеленчукот бавно се суши.
Пробајте и ќе се уверите дека нема разлика во вкусот од онаа која ја купувате во продавниците.

Состав:

  • 3 средно големи моркови
  • 2 средно големи парчиња пашканат
  • 1 мало парче праз
  • ½  корен од целер
  • ½  црвен кромид
  • 2 парчиња лук
  • Една шолја магдонос
  • 1 компир
  • густин
  • сол

Подготовка:

Измијте го зеленчукот и исецкајте го ситно.

Во сад за печење ставете мрсна хартија за печење.

Измешајте го зеленчукот и поставете го рамномерно во садот.

Сушење

За да се исуши зеленчукот, потребни се 10-12 часа, во зависност од печката – некои се послаби, а некои појаки. Во поновите рерни, зеленчукот може да се исуши и за околу 6 часа. Поради ова, од време на време проверувајте ја рерната и сами ќе заклучите кога зеленчукот е сув.

Еве на што треба да внимавате во зависно од печката во која ќе се суши зеленчукот:

Печка на дрва:

Доколку постојано ја ложите печката, таа нека биде постојано отворена. Доколку пак зеленчукот го ставите преку ноќ кога печката не е толку јака, тогаш оставете ја полуотворена.

Проверувајте почесто и ќе видите кога зеленчукот е исушен.

Рерна на струја

Вклучете ја рерната на 70 C  и оставете ја подотворена за да излезе влагата. По неколку часа намалете ја топлината во рерната на 50 C и продолжете со сушење.

Кога зеленчукот е сув, додадете:

  • 1 лажичка густин
  • околу 200 грама сол, или пак по желба (ставајте малку по малку и проценете сами колку сол ви е доволно)

Посолениот исушен зеленчук дополнително иситнете го во блендер или мелница за кафе.