Home ГОТВАЧ Направете си сами Fortune cookies (колачиња со порака)

Направете си сами Fortune cookies (колачиња со порака)

2940
G Natural

Прво, испечатете на лист љубовни, мотивациски, смешни или обични пораки по ваша желба и исечете ги.

Состојки :

  •  2 белки
  •  1 лажичка сок од лимон (по желба може да ставите екстракти од кафе, ванила или јагода)
  •  3 лажици растително масло за јадење
  •  8 лажици брашно
  •  1 1/2 лажици нишесте
  •  1/2 лажичка сол
  •  8 лажици шеќер
  •  3 лажици вода

Подготовка:

Во сад нежно изматете ги белките, лимоновиот сок и маслото (да не бидат цврсто изматени). Во друг сад измешајте ги брашното, нишестето, солта и шеќерот и додадете ја водата. Оваа смеса со брашно додадете ја во смесата со белките и мешајте со вилушка додека не добиете еднолична маса.

Смесата треба да биде компактна. Ако ви е премногу ретка, додадете уште малку брашно.

Во тавче прекриено со хартија за печење, со лажица ставајте од смесата и потоа измазнете ги малите палачинки за да имаат тркалезен облик.

Подготовка

Печете 15 минути (ова зависи од рерната) додека палачинките не почнат сами да се одвојуваат од страните. Откако ќе се испечат треба да работите брзо. Извадете ги палачинките, ставете ја претходно исечената порака на средина на палачинката и преклопете ја на половина. Потоа, доближете ги краевите на колачето (но не дозволувајте да се допираат) и наредете ги во калап за мафини да се сушат. Оставете ги неколку часа да се исушат убаво.

Кликнете овде за идеја за пораките во колачињата

Колачи со порака