Home ГОТВАЧ Направете си сами енергетски барови и спасете се од зависноста од пекари

Направете си сами енергетски барови и спасете се од зависноста од пекари

7287
G Natural

Енергетските барови кои изобилуваат со здрави житарици и овошје се одлично решение за сите оние кои немаат доволно време за здрав појадок или квалитетен меѓуоброк.
Можете сами да си ги подготвите и тоа од суво овошје кое ви се наоѓа по дома и од амарант – житарица, која спаѓа во десетте супер намирници во светот.
Амарант е вид на житарица, чие име потекнува од грчки збор, а кој значи “бесмртен”. Таа е одличен извор на протеини, влакна, калциум, кој го има повеќе и од млекото и железо. Лесно е сварлива што ја прави совршена храна за здравите и болни лица.
Хранливата вредност и витамините и минералите кои ги содржи оваа енергетска плочка ќе ве опсипаат со енергија и ќе имате чувство на ситост.
И што е најважно, овие енергетски барови се многу подобар избор од производите кои се нудат во пекарите, а можете да ги конзумирате кога и да осетите глад.
Состојки

  • 80 гр семе амарант
  • 70 гр семки од сончоглед
  • 70 гр сушени брусници
  • 190 гр мед
  • ½ лажичка мелен ѓумбир
  • прстофат сол

Подготовка:
1.На добро загреана тефлонска тава, ставете две лажици од семето амарант и покријте ги со соодветен капак. Амарантот веднаш ќе започне да пука (нешто слично како пуканки). Кога ќе прекине да пука, истурете го во сад и постапката повторете ја со останатото семе од амарант.
2.Медот, во микробранова печка или на оган, растопете го. Додадете ги семките од сончоглед, сувата брусница, мелениот ѓумбир како и прстофат сол. Промешајте.
3.Во смесата додадете ги испуканите семки амарант и целата смеса добро измешајте ка се додека не стане компактна.
4.Тавата со големина од 20×20 см покријте ја со хартија за печење. Во неа истурете ја смесата за плочки од амарант и оставете ја добро да се олади и целосно да се соедини.
5.Оладена и добро поврзана, исечете плочки, секое парче завиткајте го во фолија или хартија и слободно консумирајте го.

Бар од амарант