Home ГОТВАЧ главни јадења Направете си пица по рецепт на актеркатаГвинет Палтроу

Направете си пица по рецепт на актеркатаГвинет Палтроу

3453
G Natural

Ви ја претставуваме рецептата за пица на Гвинет Палтроу. Рецептот е за тестото и доматниот сос на пицата, а останатиот дел е по ваш избор.

Состојки за тестото:

  • 2 и пол шољи млака вода
  • 2 лажици шеќер
  • 3 пакетчиња сув квасец
  • 5 шољи брашно
  • 1 и пол лажица маслиново масло
  • 1 лажица крупна сол

Подготовка:

Најпрво половина од водата измешајте ја со квасецот во еден голем сад, направете ја смесата пенеста и оставете ја нека одстои 5 мин.

Во другата половина од водата ставете го брашното, маслиновото масло и солта. Мешајте постепено и додавајте ја водата со квасецот.

Рецепт на Гвинет Палтроу
Месете го тестото 8 минути додека не стане подготвено за подготовка на пицата. Потоа прекријте го садот со тестото со една крпа и оставете нека стои час и половина.

Состојки за  сосот :

  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 излупен и ситно исецкан морков
  • 1 кромид
  • неколку домати излупени и исецкани
  • 1 лажица сол

Состојки за сос

Откако ќе ги подготвите тестото и сосот, ставете ги останатите состојки по ваш избор.

Гвинет Палтроу

Пицата е спремна за печење.

Добар апетит!

Пица