Home СОВЕТИ Направете сами – ефикасно масло за сончање по рецепт од нашите баби

Направете сами – ефикасно масло за сончање по рецепт од нашите баби

2148
G Natural

Маслиновото масло има природен заштитен фактор 2. Поголем природен заштитен фактор имаат оревите и морковот. Освен што штитат, тие и ја негуваат вашата кожа. Морковот изобилува со бета-каротен и витамин А и се користи во модерните препарати за сончање. Го забрзува потемнувањето на кожата, ја обновува и го успорува нејзиното стареење.

Рецепт:

Во стаклен сад изрендајте неколку моркови, исечкајте неколку млади оревчиња и листови од лаванда. Садот ќе се наполни до половина со горенаведените состојки а останатата половина наполнете ја со маслиново масло.
Мешавината треба да одстои на сонце дваесетина дена. Секој ден потребно е малку да го протресете садот. Откако смесата ќе отстои, содржината процедете ја низ газа.
Ова масло ќе ве штити од сонце, ќе ја негува вашата кожа а благодарение на лавандата, ќе се намали и целулитот на вашето тело.

Масло за сончање