Направете 9 литри сок со само 4 портокали

Направете 9 литри сок со само 4 портокали

5700
СПОДЕЛИ

Состојки:

4 портокали
1 кг. шеќер
30 грама лимонтус
9 литри вода

Подготовка:
Портокалите добро измиете ги, прелијте ги со врела вода за да ја отстраните горчината, избришете ги и ставете ги во замрзнувач на час-два. Извадете ги од замрзнувач, исечете ги и сомелете ги во машина за мелење месо или во блендер. Смесата прелијте ја со три литри вода. Добиената маса оставете ја да отстои десетина минути. Потоа процедете, па во процедениот сок додајте 6 литри вода, шеќер и лимонтус. Мешајте додека шеќерот не се стопи и ставете го сокот во шишиња.

hitkujna-sok