Овој напиток ќе ви помогне да ослабнете и што е најважно, ви дава многу енергија
Состојки:
- 2 големи јаболки
- 2 стапчиња цимет
- 1 литар вода
- 1 стаклено шише со поголем отвор
Подготовка:
Измијте ги јаболките и исечкајте ги на тенки парчиња. Ставете ги во стакленото шише.
Во шишето ставете ги и стапчињата цимет.
Состојкие прелијте ги со вода, затворете го шишето и остевете го во фрижидер да преноќи.
Напитокот конзумирајте го секој ден
Совет:
Во водата по желба можете да исцедите малку сок од лимон, портокал или мандарина.
Кога ќе го конзумирате, состојките повторно прелијте ги со свежа вода и оставете ги да остојат како првиот пат.
Истите состојки (јаболката и циметот) можете да ги искористите дури три пати.