Home ГОТВАЧ Напиток од цвекло: Природен допинг кој на телото му дава супер моќи

Напиток од цвекло: Природен допинг кој на телото му дава супер моќи

5339
G Natural

Цвеклото е добро познат лек за слабокрвност, детоксикација на организмот, подигнување на имунитетот.

Но, оваа супер намирница е многу популарна кај спортистите затоа што ја зголемува издржливоста кај вежбањето и има својство на природен допинг.

За со леснотија да ги совладаат физичките напори на тренинзите или да истрчате круг околу игралиште без да останете без воздух во белите дробови, доволно е на телото да му го „подарите“ овој моќен сок од намирницата која во голем стил се враќа на сцената на најздравите.

Сокот од цвекло ја зголемува издржливоста кај вежбањето и кај зголемените телесни напори и тоа благодарение на нитратите.

Ова го потврди и истражувањето во Велика Британија спроведено на млади здрави испитаници кои секојдневно конзумирале сок од свежо цедено цвекло и го издржалетренерот временски за 16% подолго од останатите групи.

Состојки за напиток од цвекло:

– 1кг. цвекло

– Една голема лажица мед

– Сок од еден лимон

Подготовка:

1. Излупете го цвеклото и ситно изрендајте го во сад, додајте мед и сок од лимон кои ќе го омекнат и ќе го неутрализираат нејзиниот земјен вкус.

2. Смесата оставете ја да отстои три часа и потоа изгмечете ја убаво низ сито за да од цвеклото излезе сокот, но и што повеќе влакна.

3. Свежиот сок испијте го наутро на празен стомак.