Home ГОТВАЧ Најубавиот рецепт за Тирамису

Најубавиот рецепт за Тирамису

14130
G Natural

Состојки:

  • 4 јајца
  • 100 гр шеќер во прав
  • 500 гр маскарпоне
  • 250 мл слатка павлака
  • 2 големи пакувања пишкоти
  • 2,5 дл еспресо

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот во прав.  Нека се  вари на пареа сè додека не се згусне, отприлика 15 до 20 мин. Откога убаво ќе се олади, додадете го маскарпоне сирењето и измешајте. Слатката павлака изматете ја за да добиете шлаг, а потоа и неа ставете ја во смесата.

Натопете ги пишкотите во кафето и наредете ги во голем сад за торта. Врз првиот ред пишкоти ставете од кремот кој го направивте. Потоа наредете уште еден ред пишкоти, па уште еден ред од кремот.

Нека отстои во фрижидер пред да го послужите

Декорирајте  по желба.

Тирамису