Home ГОТВАЧ Модерно – Холандски колач

Модерно – Холандски колач

3109
G Natural

Состојки:

тесто:

  • 4 поголеми јајца
  • 300 гр шеќер
  • 350-400гр брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 200-250 гр маргарин
  • 300 гр ситно рендан морков
  • 250 гр бело суво грозје (сечкано)
  • 1-2 лажички цимет,
  • ¼ лажичка сол

фил:

  • 200 гр крем сирење (крем-сирење што е погусто)
  • 250 гр шеќер во прав
  • 100 гр маргарин
  • 1 ќесичка ванилин шеќер

шлаг:

  • 2 кесички шлаг пена
  • 250 мл млеко

Подготовка:

Се загрева рерната на 180⁰С . Се става маргаринот да се растопи, но се внимава да не се вжешти. Со миксер се матат јајцата и шеќерот, да стане пенеста смеса и постепено се додава брашното, прашокот за печиво, малку сол, а потоа и стопениот маргарин .
Се става и циметот и се меша со миксер да се изедначи. Полека со дрвена лажица се додаваат сувото грозје и морковот, за се убаво да се измеша. Смесата е доста густа. Се става во правоаголен плех, претходно покриен со хартија за готвење и се пече на 180⁰С околу 45 минути, да добие златно-жолта боја. Се остава да се излади најмалку еден час, па потоа се филува.

Фил – состојките за филот треба претходно да бидат на собна температура. Се матат со миксер сите одеднаш и потоа се става како тенка кора над изладениот колач.

2 кесички шлаг пена се матат со 250 мл добро изладено млеко, според упатството. Може да се додаде 1-2 лажици шеќер или ванилин шеќер. Густо изматено, се става над филот (може да се нанесе со шприц и да биде декоративно).
Се остава добро да се излади и се сече на парчиња.

Добар апетит!

Холандски колач