Состојки:
- 400 гр тиква
- 350 гр компири
- 1 јајце
- 150 гр брашно
- 20 гр нишесте
- зачин
- бибер
- морско оревче
- 20 гр семки од сончоглед
- 20 гр семки од тиква
- 20 гр маргарин
- 20 мл масло
Подготовка:
Тиквата и компирите се лупат. Се сечкаат и се мешаат во еден сад.Им се додаваат зачините и јајцето. Се мешаат убаво и се пржат на загреано масло во подлабока тава. Смесата со две лажици се обликува, се става во маслото и малку се гмечи, да се добие облик на мала палачинка или плескавица.
Се пржат додека не добијат крцкава коричка.
Се служат со кисела павлака.