Home ГОТВАЧ бабини рецепти Млечник – неодолив благо – солен вкус

Млечник – неодолив благо – солен вкус

13422
G Natural

Состојки
За солениот дел:

  • 500 гр. кори
  • 2 јајца
  • 200 гр. сирење
  • 100 мл. кисела вода
  • 100 мл. зејтин
  • 3 лажици кисело млеко
  • сол по вкус

За благиот дел:

  • 5-6 јајца
  • 400 гр. млеко
  • 150 гр. кори јуфки
  • 6 лажици шеќер
  • 3 ванили

Подготовка:
Најнапред го подготвувате филот за солениот краишник. Ги мешате во еден сад јајцата, сирењето, зејтин, кисело млеко, кисела вода, малку сол, но да не биде многу водно. Премачкувајте ги корите со зајтинче да не се суви и да не се кршат, а можете и со стасан квасец ако сакате, што не е обавезно. Од корите ставате една во подмачкан округол плех, но краевите да ви бидат надвор од плехот. Следната кора ја виткате со филот и ја ставате во плехот малку згужвана. Направете уште две такви виткани кори со фил, но собрани како хармоника. Треба значи да направите солен краишник, но ќе ви останат сигурно од корите кои може веднаш да ги искористите за нешто друго. Кората на дното чии краеви се надвор од плехот, може да ја префрлите врз краишникот или пак едноставно да ви остане како кора која подвиткана ќе биде добра заштита јајцата да не се прелијат. Сега јуфките, а тоа се всушност кршени домашни кори ги ставате во средина на плехот, а ги преливате со млекото помешано со изматените јајца, шеќерот и ванилите. Краишникот премачкајте го со кисела вода, зејтинче и малку жолчка. Ако од млекото ви прелие врз солениот краишник, не пречи. Печењето е на 200 степени околу 40 минути, но треба убаво да биде испечено одоздола.
Добар апетит !

Млечник