Home ГОТВАЧ Мини тортички

Мини тортички

4829
G Natural

Потребни состојки:

За тесто:

  • 2 филџани Есктра белобрашно тип 400од Жито Лукс
  • 2 филџани шеќер
  • 2 филџани масло за јадење
  • 4 јајца
  • 1 филџан млеко
  • 2 филџани мелени ореви
  • 1 ќесичка прашок за печиво

За фил:

  • 200мл млеко
  • 150г шеќер
  • 100г чоколада
  • Шлаг пена

Подготовка:

Јајцата и шеќерот се матат. Се додаваат останатите состојки по ред. Изматената смеса се истура во подмачкан и побрашнет плех. Се пече на 220°С околу 25 минути. По благо ладење од добиениот пандишпан со чаша се вадат парчиња во кружна форма, а тестото помеѓу нив се собира и се ситни со рака. Млекото, шеќерот и чоколадата се варат додека смесата не се изедначи. Во неа се меша иситнетото тесто и се филуваат тортичките. Се украсува со шлаг пена.

Добар апетит!

PACKSHOT