Home ГОТВАЧ гезме Мини пици или питички

Мини пици или питички

6143
G Natural

Состојки:

  • 2 дл јогурт
  • 1 дл масло
  • 2 лажици крем сирење
  • 1 лажичка сол
  • 1 прашок за пециво
  • 400 гр брашно

Подготовка:

Од сите состојки се меси меко тесто и се остава да отстои 15-ина минути.
Рерната се загрева на 200°С и се подготвува филот.
За филот можете да бирате дали ќе ставите сечкан праз и спанаќ (кратко запржени на масло) или ќе ставите салама, кашкавал, сирење, кечап, сечкани печурки ….
Тестото се става на подлога посипана со брашно и со сукало се развлекува до дебелина од ½ цм. Со чаша се вадат кругови, се редат на плех обложен со хартија за печење. Во секој круг со прсти нежно се прави вдлабнатина и во неа се става филот. Се печат околу 10 мин.
Дозата е за 24 парчиња.
Мини пиците се погодни за доручек, вечера, за родендени и како послужување на славите кои ги има доста во периодот што следи. (ако не се посни)

Мини пити

hitkujna.com.mk/што да готвам утре