Состојки:
- 2-3 домати
- 1 главица кромид
- 1 марула или 2 китки рукола
- 10-ина маслинки
- 200 гр сирење (фета, моцарела…)
- 1 јајце
- 3-4 лажици лебни трошки
- сол
- масло
Подготовка:
Сирењето се сече на коцки, се валка во изматено јајце и во лебните трошки и кратко се пржи на загреано масло – додека коцките не добијат убава златно-жолта боја.
Зеленчукот се мие и се сечка и се става во сад за салата. Се зачинува со масло Кристал, се посолува и внимателно се меша. Врз готовата салата се редат коцките похувано сирење и маслинките. Слатата може да се јаде во ладно-топла комбинација или кога е сосема изладена