Home ГОТВАЧ Мераци – гриз алва со кокос

Мераци – гриз алва со кокос

4991
SHARE

Во тенџере се ставаат 3 лажици зејтин и 1 коцка маргарин и на нив се пржи 500 гр. гриз додека не порумени (на тивок оган).
Потоа се додаваат:

  • 3 лажици какао
  • 2 црни чоколади за готвење
  • 3 лажици брашно
  • 200 гр. мелени ореви
  • 350 гр. шеќер
  • 700 мл. вода
  • 1 кесичка ванилин шеќер

Се вари додека не се згусне, со постојано мешање. Потоа смесата се става во подмачкано тавче
и одозгора се посипува со 100 гр. кокос. Кога ќе се излади може да се сече на парчиња.

Добар апетит!

Гриз алва