Home ГОТВАЧ гезме Мекици

Мекици

16255
G Natural

Состојки:

  • Брашно
  • Прашок за печиво
  • 1 јајце
  • 1 лажица кисела павлака
  • 200 мл јогурт

Подготовка:
Изматете го јајцето заедно со павлаката и јогуртот. Во смесата полека додавајте брашно, прашок за печиво и малку сол. Брашното се додава се додека тестото не стане како тесто за пита (де не се лепи).
Од расуканото тесто со нож направете коцки, развлечете ги нежно со прстите и пржете ги во врело масло.
Од двете страни мекиците треба да имаат златно-жолта боја.

Совет:
Готовите мекици можете да ги премачкате со сладок прелив: мармалад, еурокрем, шлаг.Можете да сервирате и со сирење, кајмак, ајвар, шунка.Можете и да ги запечете во рерна.

Мекици