Home ГОТВАЧ бабини рецепти Меки полулиснати кифли – по рецепт на баба

Меки полулиснати кифли – по рецепт на баба

11255
SHARE

Состојки

  • 1 кг брашно ЕКСТРА БЕЛО брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 250 мл  млеко
  • 250 мл јогурт
  • 250 мл минерална газирана вода
  • 1 кафена лажичка шеќер
  • 2 кафени лажички сол
  • 1 квасец
  • 1 маргарин за премачкување
  • Сусам
  • 2 белки од јајце за тестото
  • 2 жолчки од јајце за премачкување

Подготовка:

Надојдениот квасец се додава на другите состојки и убаво се меси меко тесто кое потоа се дели на 2 дела (за помали кифлички може да го поделите на 3 дела). Секој дел се дели на 10 топчиња. Секое топче се сучи во кора, се мачка со маргарин и така намачканите кори се редат една врз друга. Добиваме 10 кори наредени една врз друга, а најгорната кора не ја мачкаме. Додека ги подготвувате топчињата од другите 2 дела, оние 10 кои веќе се намачкани и наредени може да ги ставите 15 тина минути во фрижидер. На овој начин добивате 2 или 3 дела наредени кори, во зависност од тоа на колку дела го поделивте тестото на почеток. Од секој од овие делови се сучи голема кора, се сече на 4 дела, секоја од четвртините уште на 5 дела, ставаме фил и ги виткаме кифличките.

Кифличките се премачкуваат со жолчка, а врз секоја кифличка се става мало парче маргарин, се посипуваат со сусам и се оставаат малку да надојдат.

Се печат во загреана рерна на 220° Ц околу 15 минути или додека заруменат.

Добар апетит!

PACKSHOT