Home ГОТВАЧ гезме Меки кифлички со павлака – готови за 15 минути

Меки кифлички со павлака – готови за 15 минути

48648
G Natural

Состојки:

  • 600 g брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажичка сол
  • 100 ml масло
  • 1 чаша кисела павлака
  • 200 ml топло млеко
  • 1 коцка свеж квасец
  • 1 лажица шеќер
  • Жолчка, сусам и зачини за премачкување

Подготовка:
Помешајте го топлото млеко со квасецот и шеќерот и оставете ги да се запенат и подигнат.

Во садот во кој ќе ги месите кифличките, помешајте брашно, прашок за печиво, сол и додајте масло. На крај, измешајте ја павлаката, а потоа додајте го и квасецот.

Замесете мазно тесто и веднаш поделете го на 4 дела.

Секој дел израмнете го на маса и со сукало истенчете го до половина сантиметар дебелина.

Исечете 8 триаголници, наполнете ги по желба или оставете ги празни, па свиткајте ги кифличките.

Распоредете ги на тава за печење, премачкајте со жолчка од јајце и проросете зачини.

Печете 15 минути, додека не заруменат.

Кифли