Home ГОТВАЧ Медени срца

Медени срца

2776
SHARE

Состојки:

За тесто:

  • 500г Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 250г мед
  • 100г шеќер
  • 150г маргарин
  • 1 јајце
  • 10г какао
  • 2 мали лажички цимет
  • 1 ќесичка прашок за печиво
  • 100г ситно сечкани бадеми

За филување:

  • 2 пудинга од ванила
  • ½ л млеко

Подготовка:

Медот, шеќерот и маргаринот се загреваат на средна температура се додека целосно не се стопат. Се остава смесата да се излади. Брашното се меша со останатите состојки и со изладената смеса од маргарин, мед и шеќер. Тестото  добро се изедначува и се остава покриено 3 часа. Потоа се развива кора со дебелина од 1,5cm и од неа со калап се вадат срца кои се редат во плех. Се печат на 180°С околу 15 минути. Срцата се лепат едно со друго со предходно подготвен и оладен пудинг од ванила.

Добар апетит!

PACKSHOT