Home ГОТВАЧ Маргарита – декоративна миризлива погача

Маргарита – декоративна миризлива погача

3383
0
SHARE

Состојки:

  • 500 гр брашно
  • 100 гр маргарин или путер
  • 200 мл млеко
  • 50 мл масло
  • 2 јајца – едно за тестото и едно за премачкување
  • ½ свеж квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 лажички сол
  • Ким
  • Босилек
  • Оригано

Подготовка:
Во загреано млеко во кое ќе ставите една лажичка шеќер, го додавате стасаниот квасец и го посипувате во брашно. Додадете масло, сол, јајце и замесете го тестото.
Оставете да нарасне околу половина час. Одново премесете го тестото и поделете го во четири дела.

Секој дел развлечете го во круг и врз него изрендајте маргарин. Преклопете со другото тесто, па повторно изрендајте маргарин. Истото направете го и со третотото парче тесто. Последното тесто не се прекрива со маргарин.
Така наредени едно врз друго, развлечете ги тестата во форма на голем круг и со чаша формирајте кругови од тесто.
Круговите премачкајте ги со изматено јајце и редете ги во подмачкана тепсија со кружен облик.
Најпрво го исполнуваме страничниот дел од тепсијата а потоа внатрешниот дел.
Ружичката во средината на погачата направете ја од 5 кругови од тесто. Подредете ги еден до друг и спојте ги краевите додека ги мотате во ролат. Вака добиениот ролат засечете го од едната страна со цел да направите подлога за да може да стои исправено. Цветот ставете го на средината од погачата.
Целата погача уште еднаш премачкајте ја со остатокот од јајцето и посипете ја со зачините. Освен бослилек, ким и оригано, можете да користите и сусам, семки и сл.
Оставете ја погачата да отстои уште половина час на топло место а потоа печете ја во рерна на 200 степени околу половина час.
Добар апетит!

Погача

Извор: bon appetit

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here