Home ГОТВАЧ гезме Макарони со зеленчук и козјо сирење

Макарони со зеленчук и козјо сирење

5920
G Natural

Потребно е: 400 гр макарони, 170 гр блитва, 5 јајца, 160 гр печени пиперки, 350 гр козјо сирење, 150 мл млеко, маслиново масло, сол

Подготовка:

Сварете ги макароните според упатството на пакувањето. Исцедете ги од вишокот течност.

Блитвата исчистете ја, измијте ја убаво и ставете ја 1-2 минути да се бланшира во вода што врие. Исцедете ја и ситно исецкајте ја. Печените пиперки излупете ги и ситно исецкајте ги. Издробете го сирењето.

Во еден подлабок сад изматете ги јајцата со млекото и потоа додадете ги сирењето и зеленчукот и убаво измешајте.

Огноотпорен сад премачкајте го со масло, ставете ги макароните и на крај и смесата со зеленчук и јаца. Измешајте. Одозгора ставете малку масло и повторно измешајте.

Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 25-30 минути.

 

Макарони со зеленчук и козјо сирење