Home ГОТВАЧ бабини рецепти Лесен овошен колач

Лесен овошен колач

15961
G Natural

Состојки:

  • 500 гр замрзнато овошје без семки (сливи, вишни ..)
  • 3 јајца
  • 9 лажици шеќер
  • 9 лажици масло
  • 9 лажици брашно
  • 1/2 прашок за пециво
  • 1 ванилин шеќер
  • сок и рендана кора од еден лимон

Подготовка:

Смрзнатото овошје се остава во еден сад да се одмрзне. Се додаваат 2-3 лажици шеќер.
Во еден сад за матење се матат посебно белките, а во друг се матат жолчките со сите останати состојки. На крај се додаваат изматените белки и полека се меша тестото. Едната половина од тестото се става во добро подмачкан плех, а во другата половина се додава одмрзнатото овошје што веќе омекнало и пуштило сок.

Полека се истура целата смеса во плехот и се полева со мала количина од сокот од овошјето.

Тестото се пече 30-40 мин на 200°C. Проверуваме дали е доволно печено со чачкалица – ја боцкаме чачкалицата до дното на плехот, ако остене сува по вадењето, тогаш колачот е готов, ако на неа остане тесто, тогаш му треба уште печење.

Готовиот колач се посипува со остатокот од сокот кој го пуштило овошјето и шеќерот. Се остава уште малку да се излади, па се посипува со шеќер во прав и цимет. Се сече на коцки и се сервира.

Добар апетит!

Овошен колач