Состојки:
- 10 мл масло
- кромид, сецкан
- 200 гр ситно сецкан спанаќ
- 3 матени јајца
- 200 гр кравји кашкавал
- Сол
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Загрејте масло во тава, додадете го кромидот и пржете се додека тој не омекне. Додадете го спанаќот и продолжете со пржењето се додека и тој не омекне.
Во голем сад измешајте ги јајцата, кашкавалот, солта и мелениот црн пипер. Потоа додадете ја мешавината од спанаќ и кромид и мешајте се заедно.
Сета оваа смеса, ставете ја во тавата во која претходно ставивте масло и оставете да се пече околу 30 минути. Пред да сервирате, оставете подготвеното јадење да се олади околу 10 минути.
Добар апетит!