Home ГОТВАЧ Лесен и превкусен: Јапонски чизкејк со три состојки по кој ќе полудете

Лесен и превкусен: Јапонски чизкејк со три состојки по кој ќе полудете

11228
G Natural

Размислувате ли за лесен десерт кој лесно се подготвува, а кој е толку вкусен што ќе бидете горди на себе што сте го подготвиле?

Тогаш, јапонскиот суфле чизкејк е вистинската работа за вас.

Покрај тоа што се подготвува прилично лесно, ќе ви бидат потребни само три состојки.

За подготовка на овој неодолив десерт ќе ви биде потребно околу еден час.

Состојки: 3 јајца, 120 грама бело чоколадо, 120 грама несолено крем сирење на собна температура

Подготовка:

Најпрво одвојте ги жолчките од белките. Белките ставете ги во фрижидер и загрејте ја рерната на 170 степени. Искршете го белото чоколадо и стопете го на пареа. Кога малку ќе се олади, помешајте го со крем сирењето кое го чувавте на собна температура.

Додајте ги жолчките и сето тоа измешајте го. Извадете ги белките од фрижидер и добро изматете ги додека не добиете црвст шлаг.

После тоа белките измешајте ги со филот од крем сирењето и чоколадото.

Добиената смеса ставете ја во замастена тава со пречник од 15 см, неколку пати подигнете ја тавата и грубо спуштете ја за да го испуштите целиот воздух, а колачот во текот на печењето да не пукне.

Ставете ја тавата во поголема тава која сте ја наполниле со врела вода. Печете точно 15 минути на 170 степени, потоа 15 минути на 160 степени, потоа изгасете ја рерната и оставете го колачот да постои уште 15 минути.

Извадете и оставете целосно да се излади, потоа украсете со шеќер во прав.

Погледнете видео туторијал.