Јаболкото е овошје коешто ни овозможува неизмерно многу здрави комбинации на слатки за сечиј вкус.
Оваа пита се прави на многу едноставен начин и е идеален рецепт за сите почетници во готвењето, како и оние кои не сакаат да минуваат долго време во кујна.
Рецептот се подготвува без печење!
Состав:
- 1 килограм јаболки
- 6 децилитри вода
- 150 грама шеќер
- 2 кесички пудинг од ванила
- 1 кесичка цимет
- 2 кутии бисквити „Petit Beurre“
- 250 милилитри слатка павлака
Подготовка
Измијте ги, излупете ги и изрендајте јаболките. Без да се цедат ставете ги да се варат во водата во која претходно сте го додале шеќерот.
Варете 5 до 10 минути.
Разматете ги двете кесички пудинг со 12 лажици ладна вода.
Кога јаболките ќе омекнат, додајте им го изматениот пудинг и малку цимет, па се заедно повторно варете и мешајте без престан се додека смесата не згусне и се соедини.
Во сад за печење наредете ред бисквити па ред фил од јаболки. Па повторно ред бисквити и ред фил.
На крај завршете со последен ред од бисквити.
Оставете да се олади колачот и премачкајте го со шлаг од изматената слатка павлака и украсете со рендано чоколадо.
Добар апетит!