Состојки:
- 7,5 дл млеко
- 3 пудинга од ванила
- 350гр шеќер
- 1 путер
- 300 гр бисквити
- 300 гр мелени ореви/лешници/кокос
- 4-5 банани
- 500 мл крем за шлаг
Подготовка:
Измешајте ги пудинзите со шеќерот и сварете ги во млекото. Откако ќе се изладат додадете го путерот и искршените бисквити. Додадете ги и бананите исецкани на парчиња и по избор 300гр ореви/лешници или кокос. Состојките добро измешајте ги.
Ставете ги на подлога и формирајте облик. Украсете ја тортата со шлаг.
Добар апетит!