Home ГОТВАЧ гезме Крокети од стар леб

Крокети од стар леб

5635
G Natural

Состојки:

  • 500 гр стар леб
  • 2,5 дцл млеко
  • 3-4 јајца
  • 1 прашок за пециво
  • 100 гр шунка или салама
  • 100 гр сирење или кашкавал
  • Лебни трошки
  • Оригано

Подготовка:

Лебот се сече на парчиња и се полева со млако млеко. Се остава да отстои 10 минути за да омекне. Потоа се цеди со раце за да истече млекото. Лебот се меси со раце. Во тестото се додаваат јајцата, па потоа и останататите состојки. Се додава салама исецкана на коцки, рендано сирење, оригано, сол и бибер, прашок за пециво. Лебните трошки се додаваат по потреба, со цел крокетите да ја добијат потребната цврстина.
Кога ќе се добие изедначена смеса погодна за обликување, со раце се прават топчиња. Може да се извалкаат во јајца и лебни трошки или пак дирекно да се пржат.
Крокетите се пржат врело масло додека не добијат златно кафена боја. Сервирајте со салата!

Добар апетит!

Крокети од стар леб