Home ГОТВАЧ гезме Крофни со сирење – не сте пробале ништо повкусно

Крофни со сирење – не сте пробале ништо повкусно

17233
G Natural

Состојки:

  • 250мл вода,
  • 4 лажици путер,
  • 250мл брашно,
  • 4 јајца,
  • 250 рендано  сирење,
  • 2-3 лажички ситно сецкан праз или млад лук,
  • сол и бибер

Подготовка:
На силен оган во тенџере измешајте ги водата и путерот да се стопи. Кога путерот целосно ќе се стопи додавајте го брашното и брзо мешајте додека не се создаде топка.

Тргнете ја смесата од рингла и непрекинато мешајќи додавајте едно по едно јајце. Кога ќе се формира мека смеса додајте го ренданото сирење, ситно сецканиот праз или младиот лук, сол и бибер.

На плех за печење ставете хартија за печење или премачкајте го со зејтин и со лажица вадете ги крофните. Одозгора изрендајте сирење и печете во рерна 20-тина минути.

Добар апетит!

Крофни со сирење