Home ГОТВАЧ гезме Крем чорба од брокули и компири

Крем чорба од брокули и компири

6922
G Natural

Потребно е:

300 гр брокули
300 гр компири
1 страк праз
1 зеленчукова коцка за супа
1 л вода
2-3 кришки леб
1 чешне лук
маслиново масло
сол

Подготовка:

– Брокулата убаво измијте ја и поделете ја на цветчиња. Компирите излупете ги и исецкајте ги на коцкички.

– Сипете 1 л вода во еден подлабок сад, посолете и ставете го садот на рингла. Кога водата ќе почне да вре ставете неколу цветчиња брокула и варете ги 3 минути од моментот кога водата повторно ќе почне да врие.

– Извадете ги од врлата вода и ставете ги во чинија со ладна вода. После неколку минути извадете ги од водата, исцедете ги и оставете ги за сервирање.

– Во врелата вода ставете ја коцката за супа и промешајте додека не се растопи.

– Во друг сад на рингла загрејте 2 лажици маслиново масло и ставете го сецканиот праз. Кога ќе омекне додадете ги сецканите компири. Пржете ги неколку минути со постојано мешање, а потоа додадете ја зеленчуковата супа. Оставете да се вари на средна температура.

– Пред крај додадете ги преостанатите цветови брокула и варете додека не омекнат.

– Тенџерето тргнете го од рингла и со рачен миксер измиксирајте ја убаво супата, со сите состојки во неа, да стане кремаста.

– Додека се вари чорбата исецкајте ги кришките леб на коцки. Ставете ги во една чинија, додадете го ситно сецканото лукче и малку маслиново масло. Измешајте. Потоа сипете ги во тава во еден слој и ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 целзиусови степени околу 10 минути.

– Пред да ја послужите крем чорбата по потреба додадете сол. Сипете ја во керамички чинии и во секоја чинија ставете по едно цветче варена брокула и малку од печените коцки леб.

Крем чорба од брокули и компири