Home СОВЕТИ Колку и да сте гладни, овие намирници немојте да ги јадете навечер

Колку и да сте гладни, овие намирници немојте да ги јадете навечер

2396
G Natural

Доколку  имате обичај да јадете подоцна во текот на денот или во вечерните часови, многу веројатно е дека ќе се здебелите.

Освен тоа, доцното „грицкање“ може да предизвика и проблеми со спиењето.

За да го избегнете ова, одбегнувајте да ги јадете и пиете овие работи.

1. Кафе

Кафето, сите знаат, содржи кофеин, па пожелно е да се избегнува пред крај на денот, посебно ако имате проблеми со несоница.

2. Цитруси

Цитрусите содржат многу киселини. Сокот од портокал или зелено јаболко е најлошиот избор.

3. Сирење

Сирењето е многу масна намирница, па добро е да ја избегнувате во вечерните часови. Ако баш не можете да му одолеете, одберете тврдо сирење, на пример пармезан, наместо меко сирење како фета и моцарела.

4. Сода

Содата содржи доста киселини кои ќе ве мачат во текот на ноќта.

5. Орешести плодови

Овие плодови се многу здрави, но и многу масни. Избегнувајте навечер да јадете индиски оревчиња, ореви, кикрики. Многу подобар избор за грицкање се фстаците и бадемите.

6. Чоколадо

Некои видови на чоколадо можат да ги „отпуштат вентилите“, па храната нема да се задржува каде што би треба, а содржи кофеин.

7. Алкохол

Алкохолот ги опушта деловите од телото кои го поврзува хранопроводот со желудникот, па храната тешко се задржува онаму каде би требало. Затоа добра идеја е да се избегнува конзумација на алкохол навечер, посебно пред спиење.