Home ГОТВАЧ бабини рецепти Колачи во форма на цвет

Колачи во форма на цвет

5388
G Natural

Состојки:

  • 600гр Екстра бело брашно тип 400 од Жито Лукс
  • 250мл топло млеко
  • ½ квасец
  • 2 јајца
  • 70гр шеќер
  • 1 ванилин шеќер
  • 80мл масло за јадење
  • мармалад по желба

Подготовка:

Квасецот се раствора со млекото, се додава една по една лажичка шеќер и брашно и се остава да стаса. Во длабок сад се меша брашното со  преостанатиот шеќер и ванилата. Се додава стасаниот квасец, маслото за јадење и две предхондо изматени јајца.

Од смесата се замесува меко тесто и се остава да стаса на тополо 20 минути. Откако тестото ќе стаса, се размесува и се расукува кора со дебелина од 0,5cm. Со округла модла со дијаметар од 10cm се вадат кори. Во средината на секоја кора се става лажичка мармалад, а со краевите се преклопува така што се внимава да се задржи кружната форма. Се превртува и со нож се прават 8 засеци скоро до средината на кората. Секој засечен дел се преклопува преку следниот за да се добие облик на цвет. Пред печење се премачкуваат со јајце.

Рерната се загрева на 220°C . За време на печењето температурата се намалува на 180°C. Се печат 20-25 минути.

Добар апетит!

PACKSHOT