Home ГОТВАЧ Колач со вкус кој не може да се опише со зборови

Колач со вкус кој не може да се опише со зборови

3961
G Natural

Состојки:

  • 250 гр. шлаг пена
  • 1 чоколадо стопено на пареа со 2 лажици нескафе (нескафето прво растворете го со малку жешка вода, убаво да се стопи)
  • 200 гр. потпечени сечкани ореви (може да ги замените со кикири, или да ставите помалку ореви)
  • 1/3 маргарин

Подготовка:

Шлаг пената се мати со еден мал филџан вода.
Чоколадото се топи со маргаринот и нескафето, се остава да се излади, па се мати со шлагот и оревите. Смесата се остава неколку часа во фрижидер да се стегне, па се прават бомбици кои се чоколадираат.

Смесата е проблематична, многу е мека и се лепи. Доколку не може да формирате бомбици, додадете малку мелени бисквити или смесата ставете ја во силиконски калапи, претходно намачкани со чоколадо.

Не се баш едноставни за подготвување, токму поради меката смеса, но вкусот е нешто посебно, едноставно не се опишува со зборови!

 Пралине