Home ГОТВАЧ бабини рецепти Колач со праски

Колач со праски

13051
G Natural

Состојки:

  • 1 кг праски (или друго овошје по желба)
  • 2 јајца
  • 1 чаша (2дл) шеќер
  • 1 чаша јогурт или павлака
  • 2 чаши брашно
  • ½ кесичка прашок за печиво
  • 1 дл масло
  • малку сол
  • шеќер во прав  – за посипување

Подготовка:

Со мешаат јајцата и шеќерот, се додава павлаката (или јогурт) и масло и малку се посолува. На крај се додава брашното, измешано со прашокот за пециво и се меша додека не се добие густа и мазна смеса.
Плехот за печење се премачкува со масло и се посипува со брашно.
Тестото се става во плехот, се пече во рерна претходно загреана на 180°С околу 5 мин. Се вади плехот од рерна и врз полупеченото тесто се реди сечканото овошје. Потоа плехот се враќа во рерната и се продолжува со печење уште 30 мин. Готовиот колач се остава во плехот да се излади и се посипува со шеќер во прав.

Добар апетит!

Колач со праска