Home ГОТВАЧ главни јадења Кинески ориз со јајца

Кинески ориз со јајца

6123
G Natural

Состојки ( за 4 порции):

  • 2 лажици масло
  • 3 јајца, изматени
  • 6 филџани долгнавест ориз, сварен и изладен
  • 2-3 млади кромитчиња, ситно исечкани
  • 2 бабури, ситно исечкани
  • 1 филџан грашок или брокула, по желба
  • 1 морков
  • 250 г ракчиња
  • Сол и бибер
  • Соја сос

Подготовка:

Во подлабок сад за готвење испржете ги јајцата со постојано мешање. Кога ќе бидат готови, додадете го предходно сварениот ориз, убаво измешајте и тргнете го садот од оган. Во вок тава или подлабоко тавче за пржење испржете ги на врел зејтин сецканите бабури,ракчињата, кромидот исецкан на ситни тркалца, морковот исечкан на коцкички и грашокот. Зеленчукот пржете го најмногу 2 минути. Додадете го оризот и иститнетата кајгана од јајца, соја сос (количината е по желба) промешајте 2-3 пати и послужете.

Добар апетит!

Кинески ориз