Home БЕБЕШКА ХРАНА КАША ЗА БЕБЕ: Вкусен спанаќ со батат

КАША ЗА БЕБЕ: Вкусен спанаќ со батат

8391
G Natural

состојки:

100 грама спанаќ,
50 грама сладок компир батат,
1 морков,
мало парче праз,
1 чешне лук,
1 мало парче пашканат
2 лажици интегрален ориз

подготовка:

убаво исчистете го и измијте го зеленчукот.. издинстајте ги празот и лукот. Додадете го морковот , па оризот и останатиот зеленчук. гответе околу 25 минути потоа во зависност од возраста на бебето изблендирајте или изгмечете ги готовите состојки.. додадете половина лажичка маслиново масло.

По желба и доколку имате воведено во исхраната, можете да додадете 1 лажица кисело млеко или пак варена жолчка од јајце.
Кашата за вашето бебе е готова!