Home ГОТВАЧ Како сами да си направите Рикота сирење

Како сами да си направите Рикота сирење

6923
G Natural

Рикота е италијанско сирење кое најчесто се употребува за подготовка на италијански рецепти. Може да се употребува и како замена за мајонезот во традиционалните салати со јајца или туна.
Еве како да го подготвите сами:

Состојки:

  • 1 литар полномасно мледо
  • 100 мл павлака
  • Сол
  • 30 гр сок од лимон

Подготовка:
Млекото, солта и павлаката загрејте ги на 80 степени. Доколку немате термометар, исклучете ја рерната кога млекото ќе почне да создава пена и кога прстот не можете да го држие во смесата. Тогаш исклучете ја рерната но и понатаму оставете го на неа садот со смесата од млекото и павлаката. Додадете го сокот од лимон. Варете уште две минути и оставете да се излади на собна температура.
Со помош на седалка процедете ја смесата во чиста газа, замотајте ја и оставете ја во фрижидер да преноќи.
Искористете ја брзо бидејќи нема долг рок на траење.
Добар апетит!

Рикота

Рикота