Home ГОТВАЧ бабини рецепти Како сами да си направите јаболков оцет

Како сами да си направите јаболков оцет

13103
G Natural

Состојки:

  • Непрскани јаболка
  • Шеќер

Подготовка:
Добро измијте ги јаболката, отстранете ги дршките и заедно со семките сомелете ги во машина за мелење на месо. Доколку јаболката не се доволно сочни, на секои 10 килограми можете да додадете по ¼ литар зовриена вода. На оваа количина додадете и 100 грама шеќер.
Добро измешајте, покријте го садот и оставете го на сонце или на топло место да ферментира. Повремено измешајте.
Ферментацијата трае од 25-30 дена, а на сонце нешто помалку.
По завршување на процесот на ферментација, смесата внимателно процедете ја низ газа и добиениот оцет ставете го во шишиња.
Доколку добро сте ја извеле постапката, оцетот треба да е со светло жолта боја.
Доколку сакате воопшто да нема талог, најпрво исцедете со цедалка а потоа со повеќеслојна газа.
Рокот на траење на јаболковиот оцет е неограничен. Доколку во текот на чувањето се појави талог, слободно прецедете го.

Јаболков оцет