Home ГОТВАЧ бабини рецепти Како да си направите домашна алва?

Како да си направите домашна алва?

7477
G Natural

Состојки:

  • 1 шолја (200 мл) масло
  • 2 шолји гриз
  • 3 шолји шеќер
  • 4 шолји вода
  • 100 гр ситно сецкани бадеми
  • бадеми/ораси/лешници
  • малку цимет, по желба

Подготовка:
Во подлабоко тенџере загрејте го маслото за јадење и во тоа додадете го гризот со постојано мешање со дрвена лажица. Пржете го гризот додека не добие убава златно-жолта боја.
Додадете ги бадемите и промешајте ги, за да се тостираат малку.
Шеќерот измешајте го со водата и мешајте додека да се растопи.
Полека додавајте од сирупот во смесата со гриз. Мешајте и продолжете да готвите се додека целиот сируп не биде апсорбиран од гризот и алвата не почне да клокоти.
Оставете малку да се олади и потоа со лажица вадете од алвата и ставете на чинија за послужување.
По желба одозгора можете да посипете со сецкани бадеми, ораси, лешници и цимет.

Алва
МИА