Home СОВЕТИ Како да се заштитите од труење со храна

Како да се заштитите од труење со храна

2121
G Natural

Труењето со храна е заболување кое почесто се појавува во летните горештини, затоа што топлото време е идеално за развивањето и размножувањето на бактерии. Бактериите кои што можат да предизвикаат труење се од различни видови: салмонели, стафилококни ентеро бактерии, ешерихија и др.
Симптомите кои што се појавуваат при труење со храна можат да бидат разновидни.

Најчести симптоми се: Слабост и малаксаност, повраќање, дијареја, вртоглавица, губење на свест, болка во мускулите, прекумерно потење, треска.
Доколку се сомневате дека страдате од труење со храна, единствениот начин да утврдите дали тоа е така или не е да отидете на доктор, за да си направите тестови. Припомнете си што сте јаделе претходните денови. Ако и некој друг, кој јадел иста храна како и вие ги развие истите симптоми, тогаш неодложно посетете доктор.

Еве неколку совети како да се заштитите:
1. Не јадете неприготвено месо

Пилешкото месо не треба да има розова боја. Ако сте во ресторан и ви донесат парче пилешко месо со розова боја, вратете го. Ако сте дома, продолжете да го готвите. Кај црвеното месо многу полесно можете да утврдите дали е живо. Живото месо содржи бактерии, кои може да му наштетат на вашето здравје.
2. Не го ставајте готовото јадење во чинија во која претходно имало живо месо

Се разбира тоа не важи ако сте ја измиле.
3. Редовно мијте ги рацете

Верувале или не, сè уште има луѓе кои го прескокнуваат овој важен дел од личната хигиена. Задолжително мијте ги рацете ако претходно сте биле во допир со живо месо или јајца.
4. Чувајте ја кујната чиста

Ако редовно ја чистите кујната, ќе го спречите развивањето на бактерии кои влијаат лошо на вашето здравје.
5. Мијте го овошјето и зеленчукот пред консумација

Ова правило секој го знае, затоа уверете се секогаш да се придржувате кон него.

6. Избегнувајте ја брзата храна во лето

Жешкото време го помага размножувањето на бактериите, особено во кујните каде што помалку се одржува хигиената. Избегнувајте ја консумацијата на слатки, мајонез, месо и јајца во местата за хранење, каде што не сте сигурни дали храната е пресна.

Чисти раце

 

Извор: femina.mk