Home ГОТВАЧ главни јадења Како да направите совршени шпагети карбонара

Како да направите совршени шпагети карбонара

5129
G Natural

Состојки:

  • 320 гр шпагети
  • 100 грама сланина
  • 2 јајца
  • 1 жолчка од јајце
  • 3 лажици павлака за готвење (по желба)
  • 3 лажици рендано пекорино сирење
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 чешне лук
  • Сол
  • Бибер

Подготовка:
Исечете ја сланината на коцки. Ставете маслиново масло да се загрее во длабока тава во која подоцна може да ги собере и шпагетите. Во тавата ставете го сечканиот лук, пржете го кратко, додека да го ароматизира маслиновото масло и извадете го. Во тавата ставете ја сланината и додека ја пржите, притискајте ја со вилушка со цел да се стопат маснотиите од неа. Тргнете ја тавата од оган и оставете ја на страна.
Во солена вода сварете ги шпагетите. Во меѓувреме, во чинија ставете ги двете јајца и жолчката . Додадете малку сол и половина од количината на сирењето пекорино. Рачно изматете. Доколку сакате да имате кремаст сос, сега додадете ја павлаката.
Минута пред да се сварени шпагетите, вратете ја на тивок оган тавата со сланина. Исцедете ги шпагетите (нека се задржи на нив мала количина на вода) и ставете ги во тавата со постојано мешање.
Со помош на вилушка,шпагетите претурете ги во садот во со јајцата и мешајте веднаш за да не се залепат.
Распоредете во чинија, зачинете со преостанатото пекорино и свежо мелен бибер, па сервирајте.
Добар апетит!

Шпагети карбонара