Home СОВЕТИ Јапонска диета со јајца – ослабете 7 килограми за 7 дена

Јапонска диета со јајца – ослабете 7 килограми за 7 дена

11801
G Natural

Како полека ни се зголемуваат температурите, дамите се почесто почнуваат да размислуваат како да се ослободат од вишокот килограми насобран во зимскиот период, кога повеќе седиме дома отколку што шетаме.

Денеска за дамите подготвивме супер диета, без гладување, а со која ќе можете да намалите многу килограми.

Доколку се одлучите да ја држите оваа диета, ќе ослабете 7 клограми уште во првите 7 дена.

Со оваа диета нема да гладувате, но со нејзино исполнување ќе ја намалите тежината уште во првата недела со 7 килограми, а за еден месец – 14 килограми.

Дадената 7 дневна диета се повторува со ист редослед од првиот до седмиот ден онолку пати колку што сакате, а оваа рецепта е за 4 недели, односно се повторува три пати.

Прв ден:

Појадок – чаша горко кафе

Ручек – 2 тврдо варени јајца

Вечера – парче месо, салата со лимон

Втор ден:

Појадок – чаша горко кафе, двопек

Ручек – 2 тврдо варени јајца

Вечера – парче шунка, салата, една чаша кисело млеко

Трет ден:

Појадок – чаша горко кафе

Ручек – зеленчук, овошје

Вечера – 2 тврдо варени јајца, шунка, салата

Четврт ден:

Појадок – чаша горко кафе

Ручек – 2 тврдо варени јајца, сок од морков

Вечера – месо, салата со лимон

Петти ден:

Појадок – рендани моркови со лимон

Ручек – риба, печена со домати

Вечера – се пропушта

Шести ден:

Појадок – чаша горко кафе

Ручек – 200гр пилешко месо и салата

Вечера – 2 тврдо варени јајца и рендан морков

Седми ден:

Појадок – чаша горко кафе

Ручек  – парче месо, овошје

Вечера – може се

За време на диетата не се консумира алкохол, сол и шеќер. Месото се подготвува по желба – печено, пржено или варено. Овошјето и зеленчукот не се ограничуваат.